Имотот на поранешниот славен тенисер Борис Бекер, во Мајорка, веќе со години безуспешно се продава, а ценатат во моментот изнесува 10,5 милиони евра. Меѓутоа, Германецот Џорџ Берес, што живее на овој имот изминативе 18 месеци, тврди дека „никој не сака ни цент да плати за имотот“.
Со оглед на тоа дека со години бил напуштен и занемарен, огромниот имот на поранешниот тенисер, кој некогаш личел на замок, сега е запуштен.
Спомнатиот Германец Берес моментно престојува на имотот и се грижи за коњите и козите на Бекер, оставени на имотот, бидејќи поранешниот градинар на тенисерот ги отфрлил.
Берес наведува дека планира да остане на имотот следните десет години, како и да го нарече „Недојдија“, како што се викаше имотот на починатата поп-ѕвезда Мајкл Џексон.
Имотот на Бекер веќе не изгледа луксузно како на фотографиите кои сè уште стојат на веб-страницата на една агенција за продажба на недвижности.
FOTO: REX/Fejsbuk/GETTY