ИОК не попушта, маратонот на ЛОИ 2020 дефинитивно ќе се трча во Сапоро

Од Токио не ја отфрлаат можноста да го тужат ИОК и да бараат отштета. Преселбата на маратонот од Токио во Сапоро ќе чини најмалку 310 милиони долари, и прашањето е кој ќе треба да ја плати таа сума.

291

Гувернерката на Токио, Јурико Коике, е лута што Меѓународниот олимписки комитет одлучи маратонот на Олимписките игри следната година, да се трча во Сапоро, на 500 километри од главниот град на Јапонија.

Од Токио не ја отфрлаат можноста да го тужат ИОК и да бараат отштета. Преселбата на маратонот од Токио во Сапоро ќе чини најмалку 310 милиони долари, и прашањето е кој ќе треба да ја плати таа сума.

Во ИОК сметаат дека во Токио не треба да се трча олимпискиот маратон, бидејќи температурата во лето е многу висока, па се плашат дека може да се повторат случувањата од Светското првенство во Доха кога многу маратонци колабираа, иако се трчаше по полноќ. Јапонците предлагаа маратонот да почне во пет часот наутро кога температурата во Токио би била 27 степени, што не е многу повеќе од прогнозираните 25,4 во Сапоро во седум часот наутро.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...