Еден натпревар на Нејмар го чини ПСЖ повеќе од милион евра

221
ФОТО: EPA / WALLACE WOON

Француските медиуми пресметаa дека Нејмар го чини Пари Сен-Жермен повеќе од еден милион евра за секој одигран натпревар.

Во последното коло од францускиот шампионат ПСЖ го победи Марсеј со 4:0. Бразилецот го пропушти натпреварот поради повреда. Овој натпревар беше 64. на кој Нејмар отсуствуваше од тимот. Тој пропушти 52 натпревари поради повреди, осум поради дисквалификација, а останатите поради дисциплински мерки.

Досега има 63 одиграни натпревари за парижаните, односно еден помалку од тие на кои не настапил.

За потсетување, Нејмар се пресели во ПСЖ од Барселона во 2017 година за 222 милиони евра. Неговата месечна плата е 3,1 милиони евра. Инвестицијата на парискиот клуб во играчот веќе надмина 300 милиони евра.

ФОТО: EPA / WALLACE WOON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...