Многумина не гласале на изборите во Бугарија зашто сметале дека резултатот е однапред познат

700
ФОТО: EPA / JUNG YEON-JE / POOL

Локалните избори во Бугарија, судејќи според излезните анкети, повторно ја потврди политичката доминација на партијата на десниот центар ГЕРБ на бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Главниот противкандидат, социјалистите и либаралите од прозападниот блок, не успеаја да остварат мнозинство во главниот град Софија, и другите поголеми градови, пренесуваат американските медиуми.

Излезноста на гласачите вчера изнесуваше 43 отсто, а набљудувачите наведуваат дека многумина не сакале да гласаат бидејќи сметале дека изходот од изборите е однапред познат.

Во Софија, кандидатот на ГЕРБ, Јорданка Фандакова, се соочи со силна конкуренција која ја предводеше Маја Манолова, независна кандидатка која беше поддржана од неколку опозициски партии.

Резултатите од анкетите покажуваат дека Фандакова осовија 35 отсто од гласовите, а Манолова 26 отсто. Со оглед на фактот дека ниту еден кандидат не освои минимум 50 отсто од гласовите во првиот круг, на 3 ноември двете кандидатки ќе се соочат во вториот круг од гласањето.

Точно 6.227.901 избирач со право на глас на овие локлани избори во Бугарија бираа претседатели на општините, општиснки советници и власт на други локални нивоа.

ФОТО: EPA / JUNG YEON-JE / POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...