Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси беше категоричен дека нема да ги менува сите свои трофеи со Каталонците за светска титула со Аргентина. Петкратниот освојувач на „Златната топка“ честопати е критикуван за неговиот настап со националниот дрес и недостатокот на успеси со Аргентина.
Сепак, Меси е задоволен од неговата кариера досега и не би сменил ништо во неа. Со екипата на Барселона, Меси има освоено 34 трофеи, од кои 10 се титули во Ла Лига.
– Секако, би се радувал да бидам светски шампион. Сепак, не мислам дека би заменил нешто во мојата кариера, за да станам таков. Тоа ми беше дадено, тоа ми го даде Господ. Не можам да посакам повеќе. Добив многу повеќе отколку што некогаш замислував – рече Меси.