Руни го одигра својот последен меч во САД

259
ФОТО: EPA / KIERAN GALVIN

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец, Вејн Руни, го одигра својот последен натпревар во дресот на ДЦ јунајтед од Вашингтон, и се прости од МЛС лигата.

Руни кој има 33 години, после 18 месеци во главниот град на САД, се враќа во својата земја, а од јануари ќе биде тренер и играч на Дерби каунти.

Последниот натпревар на Руни во САД беше кошмарен, неговиот тим загуби со 1:5 од Торонто во полуфиналето на плејофот во Источната конференција, и тоа во продолженијата примија дури четири гола, откако по регуларнит 90 минути беше 1:1.

Руни сезонава беше прв стрелец на тимот со 11 голови, а во дресот на Јунајтед даде вкупно 25 погодоци.

ФОТО: EPA / KIERAN GALVIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...