Искористете го последниот ден од викендов, температурите до 30 степени

302

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.

Утринската температура ќе се движи од четири до 14, а  дневната од 21 до 30 степени.

Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево и топло време. По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла. Утринските температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...