НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО Боки Тредичи аплицирал за трговските марки Северно Македонска Пошта и Северно Македонски Телеком!

Еве информација и за Велија Рамковски, сопственикот на поранешната А1 телевизија: Боки се обидел да ја регистрира и трговската марка А1 -Северно Македонска ТВ.

33994

Во периодот од 2018 и 2019 година, Бојан Јовановски, осомничен во аферата „Рекет“, во Бирото за индустриска сопственост се обидел и делумно успеал да заштити дури 16 трговски марки.

Но, тоа не би било ништо необично, доколку меѓу тие трговски марки не е и Северно Македонска Пошта. Тргвската марка не е регистрирана, но апликацијата постои. Замислете, Боки аплицирал и за трговската марка Северно Македонски Телеком!

Човекот пукал на поштата и на телекомот… Не му текнално за железницата?

Тука се и марките Северно Македонска радио телевизија – 1 и Северно Македонска телевизија – 1, како и Прва Северно Македонска ТВ. Ова последново може да личи на приватно, ама претходните две марки можат да се поврзат со јавниот радиодифузен сервис.

Еве информација и за Велија Рамковски, сопственикот на поранешната А1 телевизија: Боки се обидел да ја регистрира и трговската марка А1 -Северно Македонска ТВ. Со кого ли се договорил за таа работа?

Сево ова може некому да му изгледа наивно, но познавачите знаат дека воопшто не е така. Апликацијата секако не значи дека апликантот ќе ја добие регистрацијата. Има период на одобрување, но факт е дека првиот апликант, во принцип, е во предност.

Секој што сака да се увери во ова треба да го отвори следниот ЛИНК:

Таму, во полето Aplicant/Owner, треба да се впише името и презимето на Бојан Јовановски, со кирилични букви. Уживајте во забавата!

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...