Најмалку 218 цивили, меѓу кои 18 деца, се убиени во турската воена интервенција во североисточниот дел на Сирија, соопшти денеска курдската администрација во тој регион.
Во соопштение испратено од здравствени претставници на курдската администрација се наведува дека се повредени повеќе од 650 луѓе.
Турција на 9 октомври објави почеток на операцијата „Извор на мирот“ во северниот дел на Сирија со воздушни напади врз позиции на курдски единици.
ФОТО: EPA / SEDAT SUNA