Стефан Сидовски е именувана наградата за сценарио на „Камера 300“

141

Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ почна со прегледување на 35 аматерски документарни филмови на автори од 10 европски држави.

На прес-конференцијаа во Битола, претседателот на Советот на фестивалот Стефан Хаџи Андоновски истакна дека за најдобрите ќе бидат доделени традиционални награди, а од оваа година новина е наградата за сценарио која го носи името на долгогодишниот член на жирито на овој фестивал, неодамна починатиот Стево Сидовски.

– Жири комисијата ќе ги награди најдобрите и според квалитетот на документарниот филм, а само еден автор ќе ја добие највредната награда, односно ран при плакета „Милтон Манаки“. Инаку според востановената традиција фестивалот ќе додели и други награди и признанија, а Советот на фестивалот одлучи досегашната награда за сценарио да ја именува според  долгогодишниот член на жирито на овој фестивал – неодамна починатиот Стефан Сидовски, истакна Хаџи Андоновски.

Наградените филмови ќе бидат премиерно емитувани во рамки на празничата програма на Општина Битола посветена на Денот на ослободувањето на градот – 4. Ноември.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...