Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас, го освои Гран-при на Јапонија во Формула 1.
На второто место заврши Себастијан Фетел (Германија) кој ја освои претходно пол-позицијата со Ферари, додека трет беше актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман Луис Хамилтон (Мерцедес).
Победата ја обезбеди и титулата за „сребрените стрели“ кај конструкторите, која е шеста по ред.
Ботас заврши со време 1:23: 21.510 часа, а Фетел и Хамилтон заостануваа +11.376 и +11.786, соодветно.
Александар Албон (Ред Бул) заврши на четврто, а по него следеа Карлос Сајнц Џуниор (Мекларен), Шарл Леклер (Ферари), Даниел Рикардо (Рено), Пјер Гасли (Торо Росо), Серхио Перез (Рејсинг Поинт) и Нико Хюлкенберг (Рено).
Луис Хамилтон со 338 бода води во пласманот, пред неговиот тимски колега Ботас со 274 и претставникот на Монако, Леклер со 223.
ФОТО: EPA / SRDJAN SUKI