Таинствено е одложен почетокот на кошаркарското првенство

605

Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука за одложување на почетокот на новата прволигашка сезона.

„Поради непредвидени новонастанати ситуации, почетокот на натпреварувачката сезона 2019/2020 се одложува“, стои како информација на интернет страницата на КФСМ.

Викендов треба да стартува сезоната со 11 клуба, но по шокантното откажување на АВ Охрид на само пет дена пред сезоната, лигата остана со тим помалку, а тоа ги менува околностите. Сега треба да се реши како ќе изгледа лигата, со колку клуба, дали повторно ќе се врши жрепка, а и ќе им се даде време на слободните играчи од АВ Охрид да си најдат клубови. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...