Ница ќе го раскине договорот со играч кој украл часовник од колега

Диаби се извини и вети дека ќе ја поправи штетата.

187
ФОТО: EPA / SEBASTIEN NOGIER

Раководството на францускиот прволигаш Ница планира да го раскине договорот со напаѓачот Мохамед Диаби, објави „Л’Екип“.

Претходно, 18-годишен фудбалер призна дека крадел часовници во вредност од 70 илјади евра од неговиот клупски другар Каспер Долберг.

Диаби се извини и вети дека ќе ја поправи штетата.

Тој од 13-годишна возраст беше дел од клубот. Оваа сезона нема настап, а во текот на кариерата бележи седум натпревари за првиот тим на Ница.

Претходно беше објавено дека договорот може да биде раскинат со играч доколку бидат потврдени сомневањата за кражба.

ФОТО: EPA / SEBASTIEN NOGIER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...