Интер го победи Милан и повторно е лидер во Серија А

158

Интер го совлада Милан како гостин синоќа во натпреварот од 4. коло на италијанското првенство со 2:0 и повторно е на врвот на табелата.

Резултатот го отвори играчот од средниот ред, Хрватот Марсело Бросовиќ, вториот гол го постигна  Ромелу Лукаку. Белгиецот летово се пресели во Интер од Манчестер јунајтед. Тој во моментов има три гола на четири натпревари во Серија А.

По овој триумф над градскиот ривал, Интер го задржа максималниот ефект и е прв во поредокот со 12 бода. Јувентус е втор со 10, додека Милан е со половичен ефект од две победи и два пораза и сега е на 9.место со шест бода. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...