Иако во последно време бележи подобри резултати од клупскиот колега Себастијан Фетел, младиот пилот на Ферари, Шарл Леклер, вели дека не е главен возач во италијанскиот тим во Формула 1.
Леклер кој победи на трките во Белгија и Италија, тврди дека ништо не е променето во односите во тимот и неговиот статус во „црното коњче“.
– Не се чувствувам како прв пилот во тимот. Не знам како ви изгледа од надвор, но внатре во тимот, сè е избалансирано. Имаше ситуации кога му помагав на Себастијан, некогаш тој ми помагаше мене. Само така тимот може да оди напред. Ако имап пилот кој е егоист и се интересира само за себе, тоа не е добро“ – изјави Леклер.
ФОТО: EPA / DIEGO AZUBEL