Американската пливачка Сара Томас стана првата која дури четири пати, и тоа без застанување, го преплива каналот Ламанш.
Томас лани го победи ракот на дојката, и испрати силна порака до сите жени кои водат борба со тешката болест.
Таа пливаше 54 часа и 10 минути во студените води на англискиот канал чии силни морски струи ја примораа да исплива дури 210 километри, иако патеката требаше да биде 130 километри.
– Најтешко ми беше да се борам со солената вода. Устата и грлото ми отекоа, но луѓето во екипата многу ми помогнаа. Водата беше студена, но мислев дека ќе биде уште пониска температурата – рече Tомас.