Ѓоковиќ: Повредата посериозна отколку што мислев

657
ФОТО: EPA / JASON SZENES

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ истакна дека сè уште не знае кога ќе се врати на натпреварите. Поради повреда на рамото, Србинот се повлече од УС Опен и продолжува да се опоравува.

Првиот светски рекет се надева дека ќе може да се врати на теренот на крајот на овој месец.

– Повредата беше посериозна отколку што мислев. Се надевам дека можам да закрепнам брзо. Би било идеално да се дојде до турнирот во Токио на 30 септември. Но, ми треба барем уште една недела за да увидам како се одвива закрепнувањето – изјави Ѓоковиќ.

ФОТО: EPA / JASON SZENES

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...