Историски триумф за македонската одбојка

Македонските одбојкари веруваа во триумфот, и успеаја да испишат историја. Најзаслужен беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 37 поен.

752

Машкиот национален тим на Македонија во одбојка, ја совлада Белорусија со 3:1 (по сетови 23:25, 25:19, 29:27, 25:20), што е прва победа за „жолто-црвените“ на европските првенства.

Македонските одбојкари веруваа во триумфот, и успеаја да испишат историја. Најзаслужен беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 37 поен.

Во другиот денешен меч од групата во Љубљана, Русија без проблеми ја победи Финска со 3:0, па в среда Русите и Словенците ќе имаат директен дуел за првото место.

Утре (17:30 часот) во последниот настап од групната фаза, противник на избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ ќе биде домашната Словенија. Евентуална победа за Македонија ќе значи шанса за осминафинафинале, ко есепак ќе зависи од другите натпревари до крајот во Ц-групата

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...