Вардарци се СЕХА шампиони

Со победата над хрватскиот претставник во финалето, Вардар стана единствениот тим кој има четири титули во регионалното натпреварување.

467

Вардар со 26:24 го победи Загреб во финале од СЕХА лигата и со тоа македонскиот шампион ја освои четвртата титула во регионалното ракометно натпреварување, втора во низа, во СЦ „Јане Сандански“ кој беше исполнет до последното место.

Загреб 50 минути беше рамноправен противник, го даде максимумот, но Вардар во последните десет минути го скрши противникот. „Црвено-црните“ во 54. минута поведоа со највисоки 25-20.

Со победата над хрватскиот претставник во финалето, Вардар стана единствениот тим кој има четири титули во регионалното натпреварување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...