Жена од Иран на која не ѝ беше дозволен влез на фудбалски стадион во Техран почина откако се самозапали, соопшти организацијата за човекови права „Амнести интернејшнл“, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Дваесет и деветгодишната Сахар Кодајари се соочуваше со обвиненија поради „излегување во јавност без хиџаб“ кога се обидела да влезе во стадионот „облечена како маж“ во март, според „Амнести“.
– Таа беше запрена и не ѝ беше дозволено да влезе откако обезбедувањето откри дека е жена – соопшти организацијата.
Кодајари се појави во суд во Техран минатата недела, а потоа се поли со бензин и се запали. Почина во понеделникот, на 9 септември.
„Амнести“ и „Хуман рајтс вач (HRW)“ ја повикаа ФИФА да го смени банот за жените за да се гледа фудбал.
– По трагичното приведување, затворот и самоубиството на Сахар, Иран треба да го смени банот за гледањето на жени на спортски натпревари, а тие како ФИФА да се погрижат за човековите права – вели HRW.
Поради биполарното нарушување, состојбата на Сахар во затвор се влошила. Вака кажала нејзината сестра во едно интервју.
– Ако понижувањето, казната и затворот не беа доволни за ФИФА да преземе нешто, еве сега една од нас се самозапали за да покаже оти жените во Иран исто така сакаат да гледаат фудбал – напиша групата за жени „Опен стадиумс“.
Сахар е позната на социјалните мрежи како „сината девојка“, поради боите на нејзиниот омилен фудбалски тим.
– Ние сме свесни за трагедијата и жал ни е. Сочувство до семејството и пријателите на Сахар и ќе се погрижиме иранските власти да се грижат за слободата и безбедноста на секоја жена во врска со борбата против банот – било кажано од ФИФА.