Рекорд на Градот: За 40 дена асфалтирани дури 880 метри на булеварот Кочо Рацин

744

Со ноќно бележење на сообраќајна сигнализација целосно заврши реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин во општина Центар, еден од најфреквентните булевари во централното градско подрачје, соопшти Град Скопје.

Оттаму велат дека нивните екипи работеле со засилено темпо на реконструкција на булеварот и со градежни активности во текот на вечерните часови за да се избегне сообраќаен метеж, а целосната реконструкција завршила во најбрз можен рок.

„Булеварот Кочо Рацин за 40 дена е целосно и темелно реконструиран во должина од 880 метри во двете насоки, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до улицата Свети Кирил и Методиј“, соопшти Градот.

Град Скопје соопштува дека продолжува со интензивни градежни активности за реконструкција на градските улици и булевари во, како што вели, рекордно кратки рокови, а граѓаните добиваат квалитетни и безбедни сообраќајници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...