Мини олимпијада во риболов, во чест на познатиот македонски актер Ванчо Петрушевски, ќе се одржи за првпат во земјава од 6 до 8 септември на езерото Козјак.
Меѓудругото, ќе има и натпревар во подготвување на рибја чорба.
Петрушевски беше страствен риболовец и имаше своја кулинарска емисија.
Актерот почина пред една година во несреќа во својата викендичка.