Д’Амброзио го замени Де Шило во репрезентацијата на Италија

85
ФОТО: EPA / MATTEO BAZZI

Дефанзивецот на Јувентус, Матија Де Шило, нема да игра против Ерменија и Финска во квалификациите за Евро 2020. На негово место е во италијанската репрезентација е повикан Данило Д’Амброзио од Интер, пренесува „Ла Газета дело спорт“.

Де Шиљо се повреди на натпреварот на неговиот тим против Наполи (4:3) во 2. коло од Серија А.

За Италијанците ова е втора загуба во дефанзивниот ред. Претходно Џорџо Кјелини поради повреда на лигаментите на коленото беше изоставен од составот.

ФОТО: EPA / MATTEO BAZZI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...