Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ имаше необичен разговор за време на мечот против Денис Кудла.
Откако слушна како од зад грб еден фан му довикува: „Зарем ти не беше повреден, нели ќе се откажеше од турнирот“…“, тој влезе во вербален конфликт со него: „Верувај ми ќе дознаам кој си…“
На прес-конференцијата Ѓоковиќ рекол дека се шегувал и го повикал навивачот на пијалок.