Во моментов најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ уште од самиот почеток на Грен слемот УС Опен го мачи повреда на левото рамо. Во двете почетни кола Србинот се носеше со проблемот, а за мечот од третото коло одигран ноќеска рече дека болката била со силен интензитет.
– На моменти имав силни болки. Тешко е да се каже како ќе бидам следните денови. Добро е што на Грен слем турнирите имаме ден одмор. Ќе го искористам тоа со обид да ја неутрализирам болката ила барем да ја смалам значително – изјави Ѓоковиќ.
Следен противник на Србинот на УС опен во Њујорк ќе биде подобриот од мечот меѓу Душан Лајовиќ и Денис Кудла.
ФОТО: EPA / JASON SZENES