Малолетник на околу 16-годишна возраст е тешко повреден во Ада, Србија. Како што дознава „Курир.рс“, тој бил нападнат со нож од страна на друг малолетник пред ресторан каде се организирала приватна забава.
Нападот се случил во раните утрински часови.
Повредениот е пренесен во болница каде му се санирани повредите, а со брза интервенција на полицијата, осомничениот е уапсен.