Братче и сестричка пронајдени заборавени во автомобил во Аеродром

По пријава на соседи интервенирала полиција, ги искршиле прозорците и ги извадиле децата кои веднаш се пренесени на скопските клиники.

1998
Фото: МВР

Половина час по полноќ заборавени во возило на булеварот Видео Смилевски – Бато во наслебата Аеродром биле пронајдени две деца, брат и сестра на возраст од 7 и 4 години, јавува Сител.

По пријава на соседи интервенирала полиција, ги искршиле прозорците и ги извадиле децата кои веднаш се пренесени на скопските клиники.

Од МВР потврдиле дека имаат регистрирано ваква пријава, но детали за случајот најавиле во текот на денот. Засега нема информација како децата останале сами во автомобилот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...