Раониќ се повлече од УС Опен

191
Канаѓанецот Милош Раониќ реши да го прескокне УС Опен поради повреда. Тенисерот има истегнат бутен мускул.

Најголем успех на Грен слемот во Њујорк за него е пласман во четвртото коло.

Раониќ ќе биде заменет со „среќниот-губитник“ во квалификациите, Камил Мајхржак од Полска, кој во првото коло ќе се сретне со Чилеанецот Никола Jари.

Претходно, претставникот на Јужноафриканската Република, Кевин Андерсон се повлече од турнирот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...