Другар на студентот кој си го уби братот во Србија: Богдан е жртва на убиениот

Вук тврди дека уапсениот Богдан со години бил жртва на убиениот Игњат.

7042
ФОТО: Курир.рс

Училишниот другар на 20-годишниот студент осомничен за убиството на постариот брат во Србија, тврди дека на злосторството му претходеле години со насилство и злоставување. Тоа, како што вели, семејството го криело заради својот углед.

Вук тврди дека уапсениот Богдан со години бил жртва на убиениот Игњат.

– Со Богдан одевме во исто уметничко училиште и од тоа што ми кажуваше, знаев дека има проблеми со постариот брат. Игњат отиде во Австрија да работи, но повремено се враќаше тука. Ги малтретираше сите во семејството, а Богдан не можеше тоа да го поднеси. Мислам дека го изврши злосторството за да ги заштити останатите. Неретко се случуваше во училиште да дојде со гребнатинки или модринки, а знам дека во Брза помош кажуваше дека паднал од скали или велосипед. Го правеше тоа за да не доаѓа полиција кај нив. Родителите не сакаа да се зборува за тоа, бидејќи стануваше збор за угледно семејство – рече Вук за „Курир.рс“.

Како што вели, Богдан по уписот на факултет, отишол во Белград.

– Се враќаше дома за време на летото за да учи за испити. Беше повлечен, се немаше степано или расправано со никој, не беше проблематичен – додаде тој.

Убиството кое ја шокираше Србија се случи во вторникот, кога Богдан го убил својот брат со тепање и нож, потоа го ставил телото во количка, го покрил со најлон и чаршаф, па тргнал, како што постојат сомнежи, да го закопа во шума.

ФОТО: Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...