Во понеделник цело Лисиче без вода

289

Во понеделник (26 август) од 7.30 часот до завршување на интервенцијата, водоснабдувањето ќе биде прекинато во целата населба Лисиче, соопшти денеска ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Во тој период ќе бидат инсталирани „затварачи“ кои во иднина ќе обезбедат парцијален прекин на водоснабдувањето, односно само во деловите каде евентуално би се појавил дефект. Со ова ќе се надмине досегашниот проблем за прекин на водоснабдувањето во целиот реон, објаснуваат од Водовод.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...