Шест симптоми на ментални болести: Сите мислиме дека ваквото однесување е нормално!

Ако не можете да уринирате кога слушате гласови пред тоалет или кога некој е со вас во тоалетот, не сте единствени.

2896

Повеќето луѓе имаат некои мали навики или начини на однесување за кои мислиме дека се потполно нормални, но научниците велат дека токму ова се 6-те симптоми на ментални болести…

1. Не можете да мокрите кога има некој во близина
Ако не можете да уринирате кога слушате гласови пред тоалет или кога некој е со вас во тоалетот, не сте единствени, но најверојатно не знаете дека оваа состојба има свое име во медицината – пареза. Тоа значи страв од уринирање и парализа на мочниот меур во присуство на други луѓе. Седум отсто од светската популација го искусиле ова барем еднаш, а во екстремни случаи, некои луѓе воопшто не можат да уринираат никаде освен дома и тоа кога се сами. Ваквите крајности најчесто завршуваат со неопходно вградување катетер.

2. Грицкање нокти
Оникофагија е едно од најчестите ментални нарушувања што се манифестира со опсесивно грицкање нокти. Околу 45 отсто од луѓето на возраст од 10 до 18 години страдаат од оникофагија, а претежно станува збор за женски лица. Ова нарушување во најголемиот број случаи не проаѓа со адолесценцијата. Дока за тоа се и Бритни Спирс, Џеки Кенеди, Ева Мендез… Во најтешките случаи, заноктиците и забите може непоправливо да се уништат, а не ги заборавајте и бактериите што се задржуваат на ноктите и на овој начин се внесуваат во телото.

3. Силни изливи на емоции
Замислете ја следнава ситуација: Шефот ве критикува поради некоја сериозна грешка, а вие чувствувате дека во секој момент ќе прснете од смеење. Се смирувате себеси, се обидувате да ја сокриете насмевката, но на крајот таа сепак ви се појавува на лицето. Потоа следува гласно и хистерично смеење што не можете да го контролирате. Станува збор за синдром на силен излив на емоции, познат и како псевдобулбарско влијание.

Во ваква ситуација, личноста што е изложена на стрес реагира спротивно од она што е логична, како на пример со смеење во тажни или сериозни ситуации. Ако личноста весело се смее на туѓите неуспеси, станува збор за катагеластицизам. Во медицината тој се опишува како нарушување при кое личноста чувствува уживање додека ги исмејува другите.

4. Неспособност да се препознаат или почувствуваат некои емоции
Сигурно сте слушале од пријателките како нивниот партнер не е доволно искрен, како никогаш не зборува за своите искуства или е целосно недостапен и изгледа како да не се грижи за нејзините чувства. Во две третини од овие ситуации всушност станува збор за феноменот алекситимија.

Станува збор за неспособност човекот да ги препознае и со зборови да ја изрази својата емоционална состојба. Секој од нас има одреден степен на алекситимија, но во тешки случаи, оваа состојба може целосно да му го уништи животот на човекот. Почеста е кај мажите, а од тежок степен на алекситимија страда 8-10 отсто од популацијата.

5. Интолеранција на звуци
Секој од нас има некој звук што го нервира: звук на пишување со креда на табла, звук на турпијање нокти, млакцање со уста… Дали е тоа нормално или не, зависи од видот на звукот и од неговото влијание врз вашиот живот.

Менталното нарушува мизофонија е состојба при која нормални звуци предизвикуваат иритација. На пример звуци од храна додека некој јаде, дише, кашла… За луѓето што страдаат од мизофонија, доволен е само еден таков звук за да ги извади од такт. Во екстремни случаи, луѓето толку се нервираат што се во состојба да го удрат оној што ги произведува овие звуци.

6. Опозициско нарушување на непослушност
Луѓето што страдаат од ова нарушување секогаш се непријателски настроени кон некого или нешто и постојано им се спротивставуваат на гласен и непријатен начин. Другите ги гледаат како тврдоглави кавгаџии, но медицината вели дека ваквото однесување произлегува од искуство со многу непријатен авторитет.

Опозициското нарушување на непослушност всушност е многу често кај возрасните, но погодува и 20 отсто од децата. Не станува збор за лошо однесување одвреме-навреме, туку за постојана состојба што трае барем шест месеци. Ако не се лекува, со текот на времето ситуацијата драстично се влошува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...