„Боже прости им, не знаат што прават“ последни зборови на егзекутиран маж во Тексас (ВИДЕО)

Студентката Тротер последен пат била видена жива на 9 декември 1998 година, а нејзиното тело било пронајдено 25 дена подоцна во шума.

4817
ФОТО: Принтскрин

Во Тексас бил егзекутиран 48-годишниот Лери Сверинген, кој уште во 2000 година бил осуден на смртна казна поради киднапирање, силување и убиство на 19-годишната студентка Мелиса Тротер.

До самата смрт, Сверинген тврдел дека е невин.

– Боже протсти им, не знаат што прават – биле неговите последни зборови, пренесува „Ројтерс“.

Смртната казна била извршена во 18.47 часот.

Студентката Тротер последен пат била видена жива на 9 декември 1998 година, а нејзиното тело било пронајдено 25 дена подоцна во шума.

Сверинген повеќе пати се обидувал да ја смени пресудата, а самото извршување на смртната казна било одложувано пет пати.

Сведоците тврделе дека ја виделе Тротер како го напушта кампусот на 8 декември во негова придружба.

Како доказ била земено и тоа дека неговата сопруга во нивната приколка нашла запалка и кутија со цигари, иако ниту таа ниту Сверинген не биле пушачи.

Истражителите надвор од приколката пронашле и пар чорапи за кои тврделе дека припаѓале на студентката.

Меѓутоа, адвокатите на Сверинген укажувале на тоа дека пронајдената ДНК под ноктите на жртвата, не била негова.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...