Српска манекенка тешко повредена на имотот на милијардерот: Два часа висела на 50 метри висина ФОТО

Чу поканил група млади модели, како и своите пријатели, на 17 јули да го посетат неговиот дом во Вестчестер, на кој има цела гаража полна со „супер автомобили“.

17726

Српската манекенка Симона Андрејиќ (25) поднела повеќемилионска тужба против милијардерот Чин Чу (53), откако била тешко повредена во текот на падот на жичарницата на неговиот имот.

Чу поканил група млади фотомодели, како и своите пријатели, на 17 јули да го посетат неговиот дом во Вестчестер и да се забавуваат, на кој има цела гаража полна со „супер автомобили“.

Србинката Симона, тогаш, во текот на возењето на жичарницата по неговиот луксузен имот, со голема брзина удрила во дрвото, а од силината на ударот Симона останала „забиена“ 50 метри над земјата, каде беспомошно висела буквално – два часа!

Потоа пристигнале итните служби кои ја спасиле несреќната Симона, а спасителите утврдиле дека ја скршила карлицата, и тоа на неколку места, раката ѝ била итно зашиена, а потоа со хеликоптер била префрлена во болницата, една од најпознатите во САД, пишува порталот „Пејџ сикс“.

Чу, инаку разведен бизнисмен кој има две деца, а во моментот се забавува со руска манекенка. На Симона ѝ рекол дека ќе се погрижи за сè што ќе биде потребно. Ја сместил во хотел со пет ѕвезди и ѝ го дал на користење својот автомобил „ролс ројс“, за да можат да ја превезуваат кај лекарот.

Тој на манекенката ѝ понудил спогодба за отштета од неколку илјади долари месечно во текот на оваа година, која Симона ја одбила бидејќи трошоците за лекувањето на тешките повреди кои ги здобила, во Америка далеку ја надминуваат таа сума. Чу наводно ѝ се заканил дека ќе ѝ ја скрати негата и хотелот. Веднаш потоа Симона се иселила од хотелот.

Српската манекенка, која сè уште е во инвалидска количка, ангажирала адвокати и подготвува мултимилионска тужба, се тврди во текстот на „Њујорк пост“.

 

Image result for Simona Andrejić instagram

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...