САД го добива првиот ресторан со марихуана на менито

109

Во Калифорнија се отвора првиот ресторан во САД со канабис на менито, во редовна понуда. Но, за да ручате во овој угостителски објект, мора да имате над 21 година.

„Лоуел кафе“, кое се наоѓа во западен Холивуд, потврди за „Фокс њуз“ дека во својата понуда ќе вклучат марихуана, и тоа во разни облици. Гостите ќе можат да бираат кој вид канабис го сакаат и на кој начин да биде послужен.

Како што се наведува на интернет-страницата на ресторанот, тие ќе имаат „цветно мени” пред себе, кое  секој ден ќе биде различно, „во зависност од сезонските жетви на нашите земјоделци и земјопоседници”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...