Што препорачува СЗО како превенција од деменција?

Иако не постои делотворен третман против деменција, Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека може да се направат многу работи за да се одложи или да се забави напредувањето на болеста.

1032

Деменцијата напаѓа 50 милиони луѓе ширум светот, а во објавените насоки, Светската здравствена организација ги презентирала првите препораки за намалување на ризикот од деменција на глобално ниво.

Тие опфаќаат редовно вежбање, избегнување на пушењето, консумирање помалку алкохол, одржување на здрав крвен притисок и здрава исхрана, со посебен акцент на медитеранскиот начин на исхрана.

Додека одредени лица наследуваат комбинација од гени која ги доведува пред поголем ризик од развој на деменција, многу луѓе имаат можност значително да го намалат ризикот живеејќи здрав начин на живот.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...