Човек кој се претставуваше како брат на канадската тенисерка Ежени Бушар, е приведен во Мајами, објави „tennis.life“.
Според изворот, се работи за Соломон Шломо Азари. Тој е обвинет за измама, кражба на лични податоци и кражба на повеќе од 40 илјади долари од мај до јули 2019 година.
Мажот ја користеше личната сметка на Бушар два месеца, живееше и се хранеше во хотел. Дел од персоналот од хотелот изјавиле дека го виделе Азари заедно со тенисерката во еден бар.
ФОТО: EPA / SALVATORE DI NOLFI