Вардар од денеска до недела ќе биде домаќин на завршниот турнир во регионалната ракометна СЕХА лига. На турнирот што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ покрај „црвено-црните“, кои се бранители на титулата, ќе настапат и ППД Загреб, Брест Мешков и Целје.
Актуелниот европски првак Вардар е најтрофеен клуб во историјата на СЕХА лигата со три титули, две има Веспрем и една Загреб.
Натпреварите од полуфиналната фаза се играат денеска, и тоа Вардар и Мешков Брест од 17:45 часот, а Загреб и Целје од 20:15 часот.
Во недела во истите термини ќе се одиграат натпреварите за третото место и финалето.
Скопје по 2013 година повторно е домаќин на овој турнир.