Се жени Рафаел Надал, на свадбата ќе дојде и шпанскиот крал ФОТО

Шпанските медиуми пишуваат дека познатиот тенисер и Марија пред олтарот ќе застанат на 19 октомври, во малото гратче на брегот на Шпанија, Поленси.

711

Еден од најпознатите светски тенисери, Шпанецот Рафаел Надал (33) во јануари, после 14 години врска, ја запроси девојката Марија Перелло (31).

Се шпекулираше дека двојката ќе се венча после тенискиот турнир „Ролан Гарос“ на кој Надал победи, но тенисерот изјави дека не знае од каде се појавила таа информација.

Шпанските медиуми пишуваат дека познатиот тенисер и Марија пред олтарот ќе застанат на 19 октомври, во малото гратче на брегот на Шпанија, Поленси.

Наводно, двојката изнајмила цел луксузен комплекс во градот кој вклучува бројни предности како што се базени, приватни соби и хелиодром, пишува „Мајорка дејли“.

На свадбата би требало да дојде и шпанскиот крал Хуан Карлос (81) со кого Надал е во многу добри односи, приватно.

Надал и Марија се заедно од 2005 година, но се запознале многу порано. Циска, како што ја викаат пријателите, е дипломиран финансиски стручњак, а работи како водач на проектот на хуманитарната организација на Нaдал. Не е типична жена на спортист ниту кога станува збор за социјалните мрежи и нема службени профили ни на една социјална мрежа.

 

foto: Screenshot/Hola

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...