Нема никакви детали по тричасовниот распит на второосомничениот Зоран Милески – Кичеец во случајот „Рекет“, од соочувањето со обвинителката Вилма Русковска денеска во Обвинителството за организиран криминал.
Оттука сѐ уште е мистерија каде завршија еден и пол милиони евра.
Кичеец е првиот кој е повикан на распит како осомничен во случајот „Рекет“. Првоосомничен во предметот е Бојан Јовановски- Боки 13.
Претпладнево на распит во Обвинителството за организиран криминал беше и пензионерката Лилјана Тодоровски, која добила 720 илјади евра за идејата за европски центри за возрасни лица. Таа само кусо изјави дека „Сега е време за тишина“.
Како што пишуваа медиумите, парите нејзе ѝ ги исплатил битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски, а таа тврдеше дека парите во кеш ѝ биле земени од жена од Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски Боки 13.