Објава на Фејсбук и пресуди на хрватска дипломатка, суспендирана и повлечена од Амбасадата во Берлин

7948

Првата секретарка на хрватската Амбасада во Берлин, Елизабета Маѓаревиќ, која беше обвинета поради нејзините расистички и ксенофобични објавувања на „Фејсбук“, е суспендирана и повлечена од Берлин, објави „Јутарњи лист“.

По инспекција на хрватското Министерство за надворешни и европски прашања, предложено е да се изрече најстрога дисциплинска мерка – отказ, затоа што на Фејсбук објавила расистичка и ксенофобична содржина и ги коментирала потезите на германската канцеларка Ангела Меркел.

Со тоа таа ги прекршила законите и Етичиот кодекс што ги обврзува дипломатите да го штитат угледот на Хрватска во странство.

Одлуката за санкцијата треба да биде прифатена во постапка од дисциплинскиот суд.

Маѓаревиќ заговара „бела Европа“ на својот Фејсбук профил, изразувајќи ксенофобични и хомофобични погледи, а своевремено ја обвини германската канцеларка Ангела Меркел за „недостаток на сопствена култура“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...