Локализирани 70 проценти од пожарот кај Љубин, интервенира и авион на ДЗС

144

Локализирани се 70  проценти од пожарот кај скопското село Љубин, што избувна на потегот кон село Рашче во Општина Сарај, а во неговото гаснење е вклучен и авион на Дирекцијата за заштита и спасување.

Со пожарот е зафатена голема површина со сува трева и борова шума.

– Кај што можеа да  влезат противпожарните екипи, на некои места тоа изгледаше и невозмошно, се интервенираше и тој е локализиран. Останува уште еден дел непристапен за нас, а за кој се вклучи и авион од ДЗС којшто веќе интервенира – изјави за МИА Владимир Симоновски, командир на Противпожарната единица на град Скопје.

По избувнувањето на пожарот на терен интервенираат пет возила и 25 пожарникари од Противпожарната единица на град Скопје.

Оттаму апелират до граѓаните да бидат внимателни кога се на отворен простор.

Во скопско и вчера имаше пожар, во шумскиот реон над населбата Пинтија со него беше зафатена поголема површина мешана шума.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...