Седумнаесетгодишниот кошаркар на МЗТ Скопје, Никола Христовски, кој играл за кадетите и јуниорите на „штрковите“, е тинејџерот кој синоќа бил убиен во тепачка во скопската населба Аеродром, пренесува „Спорт1.мк“.
Претходно беше соопштено од Министерството за внатрешни работи дека 18-годишникот, кој прободил со нож 17-годишник на улицата Февруарски поход, е приведен.
– Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде што починал – појаснија од МВР.