Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје во рамки на преземени мерки и активности издадени се 32 мандатни платни налози, а санкционирани се 50 пешаци.
Со брзина поголема од дозволената се движеле 21 возач, од сообраќај се исклучени 19 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исклучени од сообраќај се и 14 возила бидејќи биле нерегистрирани, соопшти денеска МВР.
Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин и тројца возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.