Тепачка избувнала меѓу навивачите на Вардар на денешниот натпревар во кој нивниот тим изгуби од Македонија Ѓорче Петров 0:2.
Непријатните сцени започнале во 80 -та минута од скопско дерби кога од нејасни причини дошло до турканица, бркотница и меѓусебна тепачка на „комитите“, фановите на Вардар. Реагирала и полицијата.
Резултат од тоа е претепан навивач со тешки телесни повреди, кој завршил во болница, а неколкумина се приведени и однесени во најблиската полициска станица.
ФОТО: Екипа.мк