Серена Вилијамс и Наоми Осака се квалификуваа во четвртфиналето на тенискиот турнир во Торонто (Канада).
Двете ќе се соочат една против друга за прв пат од минатогодишното финале на „Ју Ес Опен“.
Осмопласираната Американка ја победи со 7: 5, 6: 4 Екатерина Александрова, додека Јапонката се пласирааше во четвртфиналето по победата со 7: 6 (4), 6: 4 над Ига Свионтек.
Минатогодишната шампионка Симона Халеп исто така се квалификуваше во четвртфиналето. Романката, поставена под број 4, лесно ја совлада Русинката Светлана Кузњецова со 6: 2, 6: 1. Следниот противник на Халеп во Торонто е тенисерката од Чешка Мари Бузкова, која ја елиминираше поранешната шампионка на „Ролан Гарос“ Елена Остапенко со 6:2, 6:2.
Освојувачката на титулата од 2017 година, Елина Свитолина (Украина) се квалификуваше напред по победата од 6:2, 6:4 над Швајцарецката Белинда Бенчиќ.
ФОТО: EPA / ALI HAIDER