Кога босилекот ќе замириса…

...Кога ќе замириса свеж босилек во кујната, значи дека се спрема добра паста. Ама прво да направиме песто, песто џеновезе

1056

Незнам зошто велат дека босилекот ги бркал комарците. Додека јас седам на тераса полна со саксии со босилек, секогаш се тука и тие – другарчињата комарци.

Па кој може да ѝ одолее на оваа арома?

Кога ќе наберете свеж босилек за песто и кога кујната ќе ја преплави неговата арома, таа ќе ве „џитне“ далеку од вашата кујна и од сѐ околу вас. Ехеее, дури до Џенова.

А од таму потекнува и најубавиот ладен сос од свеж босилек, токму затоа познат како песто џеновезе.

Велат дека за да се направи ова песто по оригиналниот рецепт, потребно е да се задоволат строгите критериуми за потеклото на состојките. Тие пак подразбирале босилек од Џенова, маслиново масло од Лигурија (италијанскиот регион чиј главен град е Џенова), пармезан и пекорино DOP, односно со заштитена ознака на потекло, и да се држите до постапката за приготвување.

Нашето песто не ги задоволува условите што се однесува до потеклото на состојките, а ниту пак се придржувавме до постапката за приготвување со гмечење на листовите босилек во аван, но сепак, пестото излезе одлично.

Генерално, секое песто е слично и ако во него има босилек, пармезан и маслиново масло, тогаш е тоа „вистинското“, без оглед на нијансите. Колку домаќинства, толку верзии, а нашата, наместо песто џеновезе, ја нарековме „блесто тафталиџаре“.

Рецептот за нашето „блендо тафталиџаре“ побарајте го ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...