Во центарот на Љубљана печат македонски ајварки

Додека ние се занимаваме и правиме вицови на наша сметка поради бизарната уредба за забрана на традицијата на печење црвени пиперки за ајвар пред зградите, во најчистиот европски град печат црвени пиперки во самиот центар. За некој кој веќе престана да пече пиперки затоа што државата „мрчи“, за тој, Македонецот, ова беше вистински шок!

886

Еве веќе втора година, љубљанчани намамени од магичниот мирис на печената црвена „капија“, кај нас позната и како „ајварка“, на две (некои велат дека има и три) локации, доаѓаат до скарите на јаглен поставени пред еден ресторан и пред една бурекџилница (и тоа лоцирани веднаш под Клиничкиот центар), и си купуваат по две-три убаво и рамномерно печени пиперки на пат накај дома.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...