Заев на состанок на ПЕС: Тешките одлуки се влог во подобра иднина

242

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во Брисел учествуваше на состанок на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), на кој учествуваа и првиот човек на Европскиот парламент, Давид Марија Сасоли, премиери, еврокомесари и други политички лидери од ПЕС.

Како што соопшти СДСМ, на средбата биле поздравени и поддржани прогресивните политики на Северна Македонија, предводени од претседателот Заев.

– Претставниците на ПЕС ја повикаа Европската Унија да го направи одлучувачкиот чекор и да донесе одлука за старт на преговорите со Македонија, бидејќи тоа е важно за граѓаните на земјата, за сите резултати кои се постигнати на домашен, но и меѓународен план со Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, но важно е и за кредибилитетот на ЕУ, се наведува во соопштението.

Заев на средбата упатил благодарност до ПЕС за силната поддршка за нашата држава и истакнал дека позитивната одлука за почеток на преговори значи поддршка и охрабрување на процесот на реформите дома, но и силна порака за другите во регионот дека тешките одлуки се вреднуваат и се влог во подобра иднина.

– Ако ЕУ го загуби кредибилитетот во регионот тогаш се отвора простор за влез на трети страни кои не се залагаат за демократски вредности – посочил Заев, додавајќи дека досега реформите во Македонија се завршени 100 отсто, а поддршката за ЕУ во земјата е се уште е на високи 83 отсто од граѓаните.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...