Царовска до Рангелова: Од вас наследивме згмечен систем

767

Лицата под Кале, ги оставивте да гнијат под дупката. Ние уште првиот месец ги сместивме во институција која им обезбедува еден оброк дневно и кров над глава, одговори министерката за труд Мила Царовска на обвинувањата на пратеничката Даниела Рангелова, на собраниската седница за интерпелација на владата.

Таа додаде дека во Визбегово е во изградба привремена населба за сместување на тие семејства и дека прават обиди децата да ги вклучат во образованието. Според Царовска, од власта на ВМРО-ДПМНЕ наследиле руиниран и згмечен систем за социјална заштита.

-Да не зборувам за центрите и институциите кои под ваше раководство и под ваша палка не само што се уништени туку и покрадени. „Ранка Миланова“ престана да постои зашто директор, поставен од вашиот министер, доби судска пресуда за проневера од три милиони евра. Од првиот ден на оваа Влада работиме на стратегија за хуманизација на тие институции – рече Царовска.

Министерката истакна и дека просечната пензија е зголемена од 13.000 денари на почетокот на минатата година, на 14.186 денари во април годинава.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...