Германска јавна куќа на суд поради своето име

268

Фондацијата „Салвадор Дали” тужи бордел во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, бидејќи го користи неговото име како свој бренд.

Јавната куќа го носи називот „Паркшлос Дали”, што според шпанската фондација ги крши посмртните права на славниот сликар. Тужбата е поднесена на Регионалниот суд во Арнсберг. Се бара целосно отстранување на неговото име од објектот.

Сопственикот на борделот за германскиот дневник „Билд“ вели дека тужбата го изненадила, оти неговата „установа“ го носи името веќе 24 години.

Фондацијата која ја поднессе тужбата, управува со оставината на Дали во име на државата Шпанија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...